Иако во текот на вчерашниот ден се здоби со повреди, после направена сообраќајна несреќа во Цетиње, денес Вуко Борозан беше присутен на доделување на наградата за најдобар спортист на годината во Црна Гора, за 2017 година.
Повеќе од заслужено ова признание заврши во рацето на младиот “бомбардер“ кој важи за еден од најдобрите леви бекови во светот, во моментов. Борозан пред себе имаше година за целосно сеќавање, откако успеа со Вардар да ја освои Лигата на Шампионите, а покрај тоа стана шампион на СЕХА-лигата и ги обедини двата трофеи во домашното првенство и куп. Да потсетиме дека Вуко беше сигурно еден од најзаслужните за пласманот на неговата национална репрезентација на ЕП во Хрватска, каде во групата успеаа да елиминираат репрезентација како Русија, која после многу години нема да биде учесник на едно ос ЕП.
Последните информации за здравствената состојба на Борозан велат дека тој ќе мора да паузира најмалу три недели, по што дополнително ќе се одреди дали ќе биде подготвен да и помогне на Црна Гора, на настапите на ЕП во Хрватска.