Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Младинците на ФК Вардар го финишираа есенскиот дел на второто место, но со големо заостанување зад лидерот Шкендија
Младинците на ФК Вардар го финишираа есенскиот дел на второто место, но со големо заостанување зад лидерот Шкендија

Младинците на ФК Вардар го финишираа есенскиот дел на второто место, но со големо заостанување зад лидерот Шкендија

Заврши есенскиот дел од сезоната или првиот круг на натпреварување во младинското првенство. Младинците на ФК Вардар завршија на второто место во овој дел од сезоната, со големо заостанување зад екипата на Шкендија, која има девет бодови повеќе од црвено-црните. Избраниците на Петар Ѓорѓиевски не можат да се пофалат со игрите и постигнатите резултати, со оглед дека имаа дури четири порази, два нерешени резултати, а додадоа и осум победи. Тоа се вкупно 26 бодови, додека на првото место е Шкендија со 35 освоени бодови, која е блиску да стане и шампион на Македонија, во младинска конкуренција. Вардар речиси на секој втор дуел имаше “кикс“ па не чуди големото заостанување зад екипата од Тетово. Можеме да се пофалиме дека имавме најдобар напад, каде постигнавме 43 голови, додека примивме 20 погодоци.

Ова се сите постигнати резултати на младинците во есенскиот дел од сезоната:

1 коло: Вардар – Ренова 5:1

2 коло: Вардар – Работнички 4:2

3 коло: Шкендија – Вардар 4:2

4 коло: Вардар – Академија Пандев 5:1

5 коло: Шкупи – Вардар 1:0

6 коло: Вардар – Пелистер 2:1

7 коло: Победа – Вардар 3:2

8 коло: Вардар – Милано 7:0

9 коло: Македонија Ѓ.П. – Вардар 1:5

10 коло: Ренова – Вардар 2:2

11 коло: Работнички – Вардар 1:1

12 коло: Вардар – Шкендија 4:1

13 коло: Академија Пандев – Вардар 2:0

14 коло: Вардар – Шкупи 4:1

За жал нашите младинци ќе немаат можност да се борат ниту за трофејот во купот, со оглед дека во 1/4 беа елиминирани од Шкендија, откако двата натпревари завршија со нерешен резултат, но поради поголемиот број постигнати голови на гостински терен, тимот од Тетово беше тој што обезбеди пласман понатаму.

1/8 куп: Вардар – Милано 3:2

1/4 куп: Вардар – Шкендија 3:3

1/4 куп: Шкендија – Вардар 1:1

Интересно кај листата на најдобри стрелци кај младинците, првото место го делат дури три играчи кои имаат постигнато по идентични 9 голови. Се работи за Колевски, Бериша и Абдулхади. Ова е листата на стрелци во младинскиот состав: 

1. Јахја Абдулхади, Бојан Колевски и Јакуп Бериша по 9 голови

2. Филип Антовски 6

3. Дејан Маркоски и Оливер Дишлиевски по 3 голови

4. Александар Трајчевски, Тодор Тодороски, Саит Битиќи и Фитор Реџепи по 2 голови

5. Марио Илиевски и Филип Стојчевски по 1 гол.

Како што напоменавме, младинците ќе имаат тешка задача во борбата за титулата со оглед дека имаат големо заостанување, но спортски е да се надеваме на такво нешто.

23622269_1510024972377677_462268174911972027_n

1. Шкендија  35

2. Вардар  26

3. Академија Пандев  24

4. Победа  23

5. Работнички  20

6. Милано  20

7. Шкупи  16

8. Ренова  15

9. Македонија Ѓ.П  11

10. Пелистер АД  10