Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > Атлетика! Завировски: Ќе изгинам утре на Скопски маратон и резултатот мора да дојде
Атлетика! Завировски: Ќе изгинам утре на Скопски маратон и резултатот мора да дојде

Атлетика! Завировски: Ќе изгинам утре на Скопски маратон и резултатот мора да дојде

Утре,6-ти мај (недела) не очекува  вистински празник за долгото трчање не само во нашата земја туку и во регионот. 10.000 тркачи од околу 60 земји од целиот свет. Река од луге низ Скопските улици. Битка со километрите, битка самиот со себе, битка со ривалите. Низ директен пренос на МТВ1 со почеток во 8:20 часот. Иако стартот во маратонот ништо незначи, но има некоја сила која влече напред од сампиот почеток. Што да кажеме за нашиот атлетичар Петре Завировски во најтешките денови за клубот во ниту еден единствен момент не помисли да го напушти Вардар. Верен Комита. Кој својот 20-ти полумаратон ќе го трча во утре на Скопскиот маратон. Ви ја пренесуваме неговата изјава екслузивно за Вардар Фанс.

d11

Пред се јас многу сакам да им се заблагодарам на сите луѓе кои во изминатиот период ми даваа поддршка. Тука ќе изгинеме и резултатот мора да дојде. Мојата форма во моментов е многу добра. Што ми дава за право да се надевам на борба и држење на ритамот и по 15 километар што не беше случај минатата трка. Многу напорно работев изминатиот период. Тренинзите беа многу тешки, но дадов се од себе. Сакам да му се заблагодарам на мојот тренер Тони Наскоски кој ме водеше овој период. Големо благодарам за нашиот најдобар маратонец Александар Кираџиев кој несебично е тука секогаш кога треба да помогне! Сакам да му се заблагодарам на Трпе Мартиновски легендата на маратонското трчање кој исто така се понуди да помогне. Благодарам за човекот кој на голем дел од тренинзите е со мене Тони Станојков. Благодарам за сите луќе кои ме мотивираа и поддржуваа овој период и до сите оние на било каков начин беа тука и помогнаа. Најголемо благодарам до мојата девојка која ми дава најголема мотивација. Едно големо благодарам до Вардар Фанс и Михајло Тушевски. Вашата поддршка многу значи. За утре, недела имаме неповолна временска прогноза, бидејќи  се очекува многу топло време со голема влажност на воздухот. Нешто што ќе ни создаде огромни проблеми, но подготвен сум да изгинам до крај. На сите натпреварувачи им посакувам успешен настап на овој грандиозен спортски настан. Овој пат одам на се. Уште од самиот почеток со силен ритам, во силна група со која веќе е договорена тактиката.

Спортски поздрав се гледаме во Недела!