Вардар по втор последователен пат успеа да обезбеди пласман на завршниот турнир во Келн и да се бори за одбрана на Европската титула. По крајот на сезоната заминуваат пет ракометари од клубот, како и тренерот Раул Гонзалез. Голема е желбата и мотивацијата кај нив да се простат од Вардар со уште еден трофеј од Лигата на Шампионите, иако како што напомена Штербик тоа нема да биде ни малку лесно.
-Секако дека сакам да играм финале со Вардар, но нема да е лесно. Вториот пар го сочинуваат ПСЖ и Нант, а јас не би предвидел лесна победа за ПСЖ како фаворит затоа што Нант кого го сметаат за најслаб тим на Ф4 во Келн, почна да игра експлозивен ракомет и нивниот стил на игра станува се подобар. Имаме мотивација да ја одбраниме Лигата на шампионите затоа што пет ракометари од овој тим си одат на крајот од сезоната, а исто така си заминува и Раул Гонзалез кој ќе работи во нов клуб. Разделбата со трофеј во Лигата на шампионите би била идеална.