Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > АТЛЕТИКА! Завировски ќе ги брани боите на Македонија на Балканско првенство во крос кантри
АТЛЕТИКА! Завировски ќе ги брани боите на Македонија на Балканско првенство во крос кантри

АТЛЕТИКА! Завировски ќе ги брани боите на Македонија на Балканско првенство во крос кантри

Петре Завировски младиот Вардарец по петти пат ќе настапи во дресот на Република Македонија на големо натпреварување. Овој пат со исполнета норма ќе настапи на Балканското првенство во крос кантри во катгоријата до 23 години на патека долга 8 километри. Балканското првенство ќе се одржи на 5-ти Ноември, во Чуприја соседна Србија.

Завировски моментално е во фантастична форма. На последните осум трки сабележа седум победи и едно второ место. Истрча најдобри резултати во кариерата на 3.000 метри, 5.000 метри. Имаше резултати на кариерата и на улини трки, 2 милји, 5 километри и 10 километри. Истрча и најбрз полумаратон во кариерата и најдобра крос кантри трка во кариерата. Сето ова навестува дека Завировски ќе биде конкурентен во Чуприја. Да потсетиме Завировски претходно забележа 4 настапи на големи натпреварувања за Македонија. И тоа на Европското првенство во планинско трчање во Боровец Бугарија и Светското првенство во планинско трчање во Круница Здрој, Полска во 2013 година. Потоа во 2014 година настапи на Балканското првенство во полумаратон во Драч Албанија и на светското првенство во планинско трчање во Касете ди Маса, Италија. По пауза од две години повеќе од засулжено Завировски се враќа во репрезентацијата на Македонија!