Tuesday ,03 December 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Вардар – Шкендија, дерби во деветото првенствено коло на младинските фудбалски категории
Вардар – Шкендија, дерби во деветото првенствено коло на младинските фудбалски категории

Вардар – Шкендија, дерби во деветото првенствено коло на младинските фудбалски категории

Во сабота и недела ќе биде одиграно деветото коло во првенството на младинските фудбалски категории. Вардаровите генерации за противник ќе ја имаат екипата на Шкендија. Пионерските екипи во недела ќе гостуваат во Тетово, додека кадетите и младинците ќе бидат домаќини.

Помладите пионери ќе се обидат да ја прекинат серијата од два последователни порази и да освојат барем бод на тешкото гостување во Тетово. Според пласманот на табелата противникот е фаворит и се наоѓа на втората позиција со 17 освоени бодови, додека Вардарци се на осмата позиција со 10 бодови. Минатата сезона по една победа во првенството им припадна на двете екипи. На домашен терен славевме со убедливи 4:0, додека на гостувањетово Тетово загубивме со резултатски пресврт, иако на тој меч имавме водство кое не го задржавме до крајот. Сепак Шкендија успеа да не елиминира во двомеч од 1/4 на националниот куп. Дали ќе успееме да ја пребродиме лошата форма и серија ќе покажа неделниот меч во Тетово кој започнува од 11 часот.

Пионерите после натпреварот во купот повторно ќе се сретнат со истиот противник, но овој пат во рамките на првенството. Да потетиме дека во 1/4 на купот по првиот меч одигран во Тетово имаме активен резултт од 1:1 со добри шанси за пласман во следната рунда. Минатосезонските мечеви беа доста интересни. Двата меча завршија со резултат 0:1. Го загубивме домашниот натпревар на локомотива, додека во Тетово им вративме на ист начин со златниот гол на Саит Битиќи. Вардар е прв на табелата со 22 бодови, дури десет повеќе од шестопласираниот тим на Шкендија. Овој дуел ќе се одигра до 13 часот.

Дерби ќе гледаме и во конкуренција на кадети помеѓу овие две екипи. Утре со почеток од 10 часот на теренот во населбата Јане Сандански избраниците на Влатко Колев ќе се обидат да се вратат на победите во лигата, после нерешениот резултат против тимот на Металург. Минатата сезона на домашен терен го победивме тимот од Тетово со 2:0, додека на теренот на Шкендија загубивме минимално со 2:1. Вардарци се второпласирани на табелата со 19 бодови. Шкеднија има 15 освоени бодови и го зазема четвртото место. Нијанси можат да го одлучат овој меч, поради домашниот терен нашиот состав е мал фаворит.

Младинците се единствената наша генерација која има максимален број на бодови по првите осум одиграни кола. Ова може да биде важно коло за избраниците на Љупчо Марковски кои ќе играат со сигурно нивниот најголем конкурент оваа сезона. Шкендија се наоѓа веднаш под Вардар на табелата со само два победа помалку. Минатата сезона на теренот во Марино ги поразивме убедливо со резултат 5:2. Во Тетово, Шкендија победи минимално со 1:0. Двете екипи полека се одалечуваат од останатите претеденти, така што овој дуел е важен за д ват тима. Вардарци се наоѓаат во одлична форма, а домашниот терен е мотив повеќе за нова победа. Дуелот ќе започне од 12 часот.