Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Продолжуваат натпреварите во СЕХА-лигата за екипата на Вардар, дали Татран повторно ќе биде “разнишан“ како во Скопје
Продолжуваат натпреварите во СЕХА-лигата за екипата на Вардар, дали Татран повторно ќе биде “разнишан“ како во Скопје

Продолжуваат натпреварите во СЕХА-лигата за екипата на Вардар, дали Татран повторно ќе биде “разнишан“ како во Скопје

Утре во Словачка со почеток од 17 часот, нашиот ракометен шампион ќе се обиде да стигне до деветата последователна победа во сеха-лигата. Противник за избраниците на Раул Гонзалес ќе биде биде екипата на Татран Прешов. Со словаците веќе еднаш одигравме натпревар и тоа оној во спортскиот центар Јане Сандански кога славевме лесно и убедливо со резултат 38:21. После оној нерешен резултат во првото коло против Брест Мешков, нашиот состав се наоѓа во серија од осум последователни победи која се очекува да продолжи и на утрешниот меч. За разлика од нас, шампионот на Словачка слабо ја започна сезоната во ова натпреварување и веќе има пет порази и само една победа и се наоѓа на претпоследното место на табелата. Мечевите со овој противник знаеле често да бидат неизвесни, што не беше случај на оној последниот во Скопје. Татран е дел и од најсилното ракометно натпреварување, каде се натпреварува во групата Ц. По пет одиграни кола имаат учинок од две победи и три порази, со што се наоѓаат на петтото место на табелата. Вардар и покрај поразот од Загреб во ЛШ, што беше нивни прв оваа сезона се врати на победите и тоа следниот ден кога триумфираше против екипата на Нексе.

После натпреварот со Татран следи мала пауза на натпреварите од сеха и лигата на шампиони. Играчите со своите репрезентации ги очекуваат мечеви во рамките на квалификациите за европското првенство во 2018 година. Очекуваме триумф во Прешов за потврдување на лидерската позиција, со која полека но сигурно можеме да ссметаме како еден од патниците на завршниот турнир. Директен пренос од натпреварот ќе проследите на МРТ-1.