Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > БОРЕЊЕ! БК Вардар ќе ја преставува Македонија на Светското екипно првенство
БОРЕЊЕ! БК Вардар ќе ја преставува Македонија на Светското екипно првенство

БОРЕЊЕ! БК Вардар ќе ја преставува Македонија на Светското екипно првенство

Ни пристигна убава вест за нашиот црвено-црн борачки колектив. Нашиот Борачкиот клуб Вардар ќе биде македонски преставник и ќе учествува на  Светското екипно првенство во борење. Истото ќе се одржи  во  Храков – Република  Украина.

bk0

Според претходно зацртаниот план Светското екипно првенство во борење  ќе се одвива од 28 ноември се до 2 декември во Украина. Вардарци ќе имаат одлична прилика да го презенираат сработеното во клубските рамки. Тие ќе се обидат и се надеваме дека ќе бидат достојни преставници на македонското клубско борење на овој планетарен собир во Храков. Им посакуваме среќа на црвено-црните борачи на овој борачки светски собир.

bk2 bk3