Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > Завировски ќе настапи на атлетска трка по повод денот на АРМ
Завировски ќе настапи на атлетска трка по повод денот на АРМ

Завировски ќе настапи на атлетска трка по повод денот на АРМ

На 11 август со почеток во 10 часот по повод денот на Армијата на Република Македонија, 18 Август ќе се организира атлетски крос во должина од 6км. Во 9 часот на воениот стадион во Скопје ќе биде свеченото отварање.

Овој настан покрај за припадниците на АРМ ќе биде отворен за сите лојални граѓани на Армијата. Своето учество го потврди нашиот Петре Завировски кој редовно настапува на натпреварите организирани од АРМ. Тој кратко изјави:

” За мене претставува голема чест да се натпреварувам со припадниците на Армијата на Република Македонија. Со специјаните единици како Волци, Ренџери, Воена Полиција, професионални војници… Голема чест е да се стои на стартната линика до чин како Капетан, Мајор, Генерал… Редовно настапувам на трките на Армијата на Република Македонија уште од 2012 година. Во 2014г успеав да победам на трката во касарната во Кичево“