Денес беше извлечен официјалниот распоред на настапот на Олимписките игри во Токио во категоријата 97кг, слободен стил, истиот е поволен за вардарецот и мак.претставникот Нуров.
Македонскиот олимпиец во борење слободен стил Могамедгаџи Нуров во 1/8-финалето на Олимписките игри во Токио ќе се сретне со Мохамед Садуи од Тунис, така одлучи жребот.
Ако го помине Садуи, Нуров во 1/4-финалето ќе се бори со победникот од мечот Александар Хуштин (Белорусија) – Раинерис Перез Салас (Куба), а во полуфиналето го чека „Рускиот тенк“ и најголем фаворит за златниот медал Абдулрашид Садулаев кој ќе се бори со Шариф Шарифов (Азербејџан), исто така еден од фаворитите за медал.
Добрата страна на жребот е што во осминафиналето ќе се борат Мохамедхосеин Мохамадиан (Иран) – Елизбар Одикадѕе (Грузија), бидејќи победникот од оваа борба се среќава со Садулаев.
Ова значи дека Нуров можност да се бори за бронзениот медал на Олимпијадата во Токио.
Борбите на Нуров во категоријата до 97 килограми се на 6 август од 11 до 13:30 часот, а полуфиналето е закажано од 18:15 до 19:15 по локално време. Неговата е околу 11:30, некаде околу 4:30 по македонско време на душек Ц.