Познат е конечниот список од 17.ракометарки за кадетската селекција на Македонија кои ќе настапат на ЕХФ шампионатот. Истиот започнува задутре, 7.август и ќе се игра до 15 август во Клаипеда-Литванија. Селекторот Љубомир Савевски го направи последното кратење по подготовките во Маврово, на последниот список од шест вардарки патуваат 5, единствено Радевска Бојана не е на скратениот список.
Покрај неа дел од скратените и МВП-то на кадетскиот Ф-4 турнир, девојка која игра во сениорската лига, Бојана Затуроска од Стружанка, но останува да видиме какви резултати ќе има на шампионатот после неколку необјасниви скратувања на истакнати ракометарки и тоа што не одигра ова селекција НИТУ ЕДЕН НАТПРЕВАР во подготовките. Нас не чекаат сериозни ривали во групата: Шпанија, Литванија, Финска и Косово.
МАКЕДОНИЈА кадетки: Марија Јовановска (Куманово), Ема Кирова (Аеродром), Матеја Чурлиноска (Деспина), Адела Еленин (Деспина), Емилијана Ризоска (Феникс АМС), Јана Равојска (Вардар), Сара Богојеска (Деспина), Магдалена Тошевска (Вардар), Марија Јанкуловска (Пелистер 2012), Нена Несторовска (Металург), Бојана Коцева (Вардар), Борјана Коцева (Вардар), Теодора Дукоска (Стружанка), Ива Младеновска (Металург), Мила Пешиќ (Вардар), Александра Коловска (Металург), Деника Спасевска (Делчево Вардар).