Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Зенга ќе “прозива“ на 9.август, младите ракометари на Вардар започнуваат со подготовки
Зенга ќе “прозива“ на 9.август, младите ракометари на Вардар започнуваат со подготовки

Зенга ќе “прозива“ на 9.август, младите ракометари на Вардар започнуваат со подготовки

Кадетско/младинскиот состав на РК Вардар 1961 предводен од Зоран  Петковски-Зенга ги минува последните денови од летниот одмор. Веќе е закажан првиот тренинг за стартот на летните подготовки пред почетокот на есенските возбудувања.

Во понеделник, на 9.август Зенга ќе ја има првата прозивка на своите момци кои одиграа солидно во младинската лига и се закитија со „бронза“ во кадетската конкуренција  каде во малото финале ја совладаа убедливо РК Струга со 29:18 (16:7), на убрзаните првенства кои се играа по турнирски систем ова лето.

Овој тим ќе настапува во кадетската и младинската лига, РК Вардар формира и пионерски тим од оваа сезона за кој се активни уписите. Истиот ќе го води како тренер Пепи Манасков.