Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардарци денес на дуел со Егнатија
Вардарци денес на дуел со Егнатија

Вардарци денес на дуел со Егнатија

Продолжуваат контролните натпревари за екипата на Вардар. Попладнево од 18 часот во Струга, ,,црвено – црните” ќе одиграа натпревар против албанскиот прволигаш Егнатија.

Очекуваме еден интересен и неизвесен натпревар на две екипи со сличен квалитет. Во тимот на Егнатија настапува и еден поранешен играч на Вардар, Бесар Исени.

Вардар по овој натпревар се враќа во Скопје каде ќе се подготвува за стартот на новата сезона. Преодниот рок за најтрофејниот колектив не е завршен, а се очекуваат уште три нови фудбалери до крајот.