Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар одигра нерешено со албански прволигаш
Вардар одигра нерешено со албански прволигаш

Вардар одигра нерешено со албански прволигаш

Денес во Струга екипата на Вардар одигра нов пријателски натпревар, а противник беше албанскиот прволигаш Егнатиа.

Се играл еден доста тврд натпревар со добро темпо кој заврши без голови, 0:0. И двете екипи покажале дека одбраните им се подобра страна од тимот. Вардар по овој тест дуел се враќа во Скопје каде ќе продолжи со тренинзите и подготовката за новата сезона.

Предвидено е да се одигра уште еден пријателски дуел, како главна подготовка пред стартот на сезонава која треба да започне на 21-ри, овој месец.