Saturday ,11 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар и Вујовиќ тргнаа со победа во подготвителниот период
Вардар и Вујовиќ тргнаа со победа во подготвителниот период

Вардар и Вујовиќ тргнаа со победа во подготвителниот период

Вардар1961 победи на пријателскиот меч против Металург со 29-24 (15-13) со што го означија почетокот на подготвителниот период во кој ќе се играат натпревари до почетокот на сезоната.

Двата тренери им дадоа шанса на сите играчи што ги имаат на располагање и повеќе се внимаваше на воигрувањето и „барањето” на вистинската седморка која треба да го понесе товарот во текот на сезоната.

Металург го отвори добро натпреварот со имаше водство од еден гол предност, а од 12 минута Вардар1961 првпат поведе и потоа се играше „гол за гол”. Во последните минути од првиот дел „црвено-црните” зголемија на 15-13.

231316177_216636153803640_3276294263072650166_n 232671356_216635657137023_67533007942129768_n

Во второто полувреме Вардар1961 беше тимот што беше во водство, иако Металург постојано резултатски беше во игра и израмнија на 21-21. Повторно во последните минути Вардар направи предност од неколку голови.

Првиот официјален натпревар за Вардар ќе биде на 11.август во рамките на Супер Купот, против екипата на Еурофарм Пелистер.