На ден 24.11.2021 година со почеток во 10 часот во спортскиот центар Хиподром, Скопје, ќе се одржи 13то Армиското првенство во крос кантри трчање. Оваа традиционална спортска манифестација е во организација на нашата Армија и се одржува цели 13 години.
.
Заради промоција на воениот спорт, крос-првенствата секоја година се одржуваат на различни локации ширум нашите касарни, но и на локации кои се идеални за спортување и реализација на ваква дисциплина во кралицата на спортовите – атлетиката.Оваа година изборот падна на спортскиот центар Хиподром кој има идеална крос патека за трчање. Воедно спортскиот центар Хиподром во последните години стана едно од најпопуларните места за посетителите кои уживаат и спортуваат во комплетно реновираниот спортски центар.
.
Патеката, односно кругот за трчање кој е одбран за 13то Армиско првенство во крос е со должина од 1600м. Трката ќе биде реализирана со трчање во кругови, а должината за жените ќе биде 4.800м (3 круга) додека за мажите ќе биде 8000м (5 круга). Како и секоја година така и оваа, сите заинтересирани лојални граѓани, спортисти и рекреативци кои не се припадници на нашата Армија ќе можат да учествуваат на ова воено првенство и да бидат дел од нашиот спортски настан. Нашиот атлетичат, Петре Завировски редовно настапува на речиси сите спортски манифестации организирано од Армијата на Македонија. Тој има фантастична сезона зад себе. Сезоната ќе ја затвори таму и каде што ја започна. На трка организирана од АРМ.