Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Во среда се игра дербито ЖРК Металург-Вардар во Автокоманда

Во среда се игра дербито ЖРК Металург-Вардар во Автокоманда

0

ЖРК Вардар е во дел од сезоната кога има доста густ и набиен распоред, по настапот во саботата во дуел од „Европскиот куп“ и вчерашната средба во младинската лига нема многу време за одмор. Веќе задутре го играме дербито од групата-Б кое може да донесе разврска околу лидерската позиција која во моментот ни припаѓа на нас.

Црвено-црните дами гостуваат кај тимот на РК Металург, натпреварот во „Автокоманда“ е закажан за среда (17/11/2021) со почеток во 16-00 часот. 

На вардарки и минимален пораз би им овозможил да останат на лидерската позиција, на првиот меч во септември, победивме со 25:23. На таа средба кај нас Стојановска со 7.гола беше прв стрелец, Трпевска имаше 6 гола, Џатевска  погоди 5 пати. Одлични беа Илиќ и Трајкоска на голот, Андреа сопре 9.топки, а Јована фати 5 удара.