Младинците на РК Вардар 1961 во рамки 3.коло од Групата-А беа гости на РК Скопје 2020, на оваа средба доживеавме висок пораз со резултат 41-23.
Отворивме со водство од 0-1, тоа беше наш прв и воедно последен поволен резултат на средбава. Домаќинот врза четири гола и се одлепи на плус три (4-1). Од минута во минута тимот на РК Скопје 2020 успеваше да ја наголемува разликата, истата ја дуплираше пред одморот, тие со шест позитива заминаа на одмор. На пауза помеѓу двете полувремиња на дуелот кој се играше во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ривалот водеше со 19-13.
Вториот дел започна со по еден гол во двете мрежи за почетни 20-14, потоа следеше голем пад во нашата игра во двата правци. РК Скопје тоа го искористи и влезе во серија, по постигнати пет последователни погодоци во нашата мрежа поведоа со двоцифрена разлика (25-14). По овој момент до крајот веќе се беше извесно освен висоната на нивната победа, тие победија со дури 18.гола повеќе. Крајниот резултат гласше 41-23 за тимот на Будимир.
Кај нас на оваа средба Трајановски Матеј даде шест гола, по четири погодока имаа двајца играчи: Стоименов Александар и Петковски Христијан, три пати стрелеше за црвено-црните Тодоровски Мартин.