Гордоста на атлетскиот клуб Вардар, Петре Завировски имаше фантастичен прв дел од сезоната. Во кариреата единство сезоната 2014 и 2016 беа посилни од оваа. Но земајки го во предвид неговиот налет, може да се очекува за брзо да ги надмине неговите најдобри резултати во кариерата.
Сезоната за вардарецот започна на 18 февруари со трката на армијата на Република Македонија тука веќе беше јасно дека Завировски е во одлична форма. Патеката од 5км ја мина за 17-53 минути. Следуваше на 28 март Меморијалниот крос Методи Веновски Мето каде патеката на Гази Баба во должина од 4км ја истрча за 14-15 минути. Следуваше турбулентен корона период каде некои трки беа откажувани. На 17 април на најдолгата стадионска трка 10.000 метри одново одличен со 37-00 минути. На 15 мај вистински шампионски крик со трет резултат во кариерата на 3.000м со 9-47 минути. Потоа следуваше финалето на Купот каде на 22 мај одново на најдолгата стадионска трка 10.000м овој пат за 37-25 минути. Наредниот ден на 5.000м со резултат 18-13 минути. на 29 мај ја истрча ствојата втора најбрза трка во кариерата на 5.000м со 17-22 минути.
Потоа сезоната ја продолжи на трките на пат. На полумаратонот во Охрид 21.097км одлична храбра трка каде вториот дел му беше побрз од првиот за 3 минути за финален резултат 1-27-24. За заокружување на полусезоната во Скопје на „Скопје трча 10км“ со 37-12 минути. Се на се одлична полусезона која е предвесник на нови врвни достигнувања на црвено црниот алетичар.
Кој во неврзан разговор постојно ни повторува дека до крајот на кариерата воопшто не помислува за промена на клубските бои. Останува во Вардар целиот свој живот. Сега следи период на кратки подготовки за продолжение на сезоната. Неофицијално следен настап на Завировски ке биде на 4 jули на Националното првенство на Македонија во полумаратон.