ФК Вардар треба да добие големо засилување за новата сезона. Довчерашниот играч на Работнички, Никола Ристески треба да биде едно од низата на нови имиња за новата натпреварувачка сезона.
Се работи за млад играч, кој покрај за екипата на Работнички има настапувано и за Борец, Кит Го, Еуромилк и Кожуф. Да напоменеме дека Ристески настапуваше за младите категории на Вардар. Во 2015 година како играч на младинскиот тим, Ристески соработуваше со ,,Вардар Фанс” (види).
Во следните денови ФК Вардар треба да го промовира новиот тренер, како и неколку други големи новитети. Вардар во новата сезона влегува со цел – експресно враќање во Првата лига.