Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Во наредниот период РК Вардар треба да го заокружи ростерот за новата сезона, нови засилувања треба да има на бековските позиции
Во наредниот период РК Вардар треба да го заокружи ростерот за новата сезона, нови засилувања треба да има на бековските позиции

Во наредниот период РК Вардар треба да го заокружи ростерот за новата сезона, нови засилувања треба да има на бековските позиции

Ракометниот клуб Вардар полека го комплетира ростерот за новата натпреварувачка сезона.

Од клубот најавуваат уште 2-3 засилувања, пред се на бековските позиции за да биде комплетен составот. Последното име кое се поврзува со Вардар, кое го објавивме на нашиот веб сајт беше  Бакари Дијало (27), кој игра на позицијата лев бек, а игра одлично и во дефанзивата, сепак истиот се уште не е официјализиран од стана на клубот.

Вардар до крајот најверојатно ќе донесе уште еден десен и среден бек, позиции кои засега не се целосно покриени. На позицијата десен бек го имаме новото засилување Едуардо Гурбиндо кој ќе пристигне од Нант, додека на истава позиција ги имаме младите Јагуриновски и Савревски кој од новата сезона ќе биде приклучен во првиот тим. На среден бек остана Анте Гаџа, додека познато е дека Ловро Јотиќ го напушта Скопје и се сели во бундеслигата. На оваа позиција покрај Гаџа кој го пропушти крајот на сезоната, го имаме и младиот Карапалевски, па се поочигледно е дека Вардар ќе има нов играч и на оваа позција.

Останатите позиции се добро покриени, почнувајќи од голманите, пикерите и крилата. Ристовски, Томовски и Али Сафар ќе бидат задолжени за голот. На лево крило го имаме искусниот Дибиров, додека негова поддршка ќе биде засилувањето од Полска, Јан Чувар, а можно е заминување од клубот на Димитриоски, кој и така претходно имаше мала минутажа. Десната крилна позиција ќе ја сочинуваат Гоце Георгиевски и Дарко Ѓукиќ кој пристигнува од Спортинг Лисабон. Се уште не се познати ниту помошниците на Веселин Вујовиќ, иако е можно еден од соработниците да биде од Црна Гора. Во наредниов период, дефинитивно Вардар треба да ги објави новите имиња и на тој начин да го заокружи ростерот за новата натпреварувачка сезона.