Monday ,07 October 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > Нов настап на Завировски, овој пат во Кочани
Нов настап на Завировски, овој пат во Кочани

Нов настап на Завировски, овој пат во Кочани

 Прв пат во Кочани се организира атлетска трка на пат во две дисциплини, 5км и 10км. Стартот на трката е закажан во 18 часот на 26 март во близина на домот на културата во Кочани.

Нашиот атлетичар, Петре Завировски ќе настапи на трката на 10км. Вардарецот има одличен старт на сезоната, се наоѓа во инзворедна фомра. По одличниот резултат на трката на АРМ на 5км и бронзениот медал на полумаратонот (21.097км) во Кавадарци, Завировски продолжува во Кочани. Формата на црвено-црното момче е таква што може веќе да се очекува напад на неговите лични рекорди. Очигледно прашање на време е кога ќе се случи подобрување на неговите досегашни најдобри резултати.Со оглед на неговите одлични тренинзи и целокупната атмосфера во неговото опкружување, дефинитивно ова ќе биде уште една одлична сезона.

.

222

Завировски вели:
“Патеката во Кочани не ми е позната. Па затоа не би сакал да шпекулирам со напад на одредни резултати. Агресивно ќе нападнам од самиот старт на трката, ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Презадоволн сум од Кавадарци. На рамна полумаратонска патека дефинитивно имам резултат под 1-20. Но Кочани е нов настап и треба да се фокусираме на тоа. За разлика од Кавадарци тука ќе има посилна конкуренција. Но она што не интересира нас е нашиот настап. Ова е само почеток на сезоната, доколку сакаме да успееме во нашите цели мора да бидеме многу паметни и трпеливи.