Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Комити > ЌЕ БИДЕ ПОЛНА САЛА: И ,,Војводи” најавија присуство!
ЌЕ БИДЕ ПОЛНА САЛА: И ,,Војводи” најавија присуство!

ЌЕ БИДЕ ПОЛНА САЛА: И ,,Војводи” најавија присуство!

Како наближува дербито на Македонија, така и се подгрева атмосферата кај двата навивачки табори. По инфомацијата дека ,,Вардарци” и ,,Комити” се мобилизираат максимално да ја наполнат цела сала, дојде и соопштение од братските ,,Војводи”, кои најавија присуство во сабота за Вардар.

Нивното соопштение ви го пренесуваме во целост:

Поради репрезентативната пауза, во Сабота не игра нашиот Тетекс,но затоа одиме во сала на ракометното дерби РК Вардар – РК Еурофарм Пелистер да им дадеме подршка на нашите браќа Комити и да направиме дружба и навивачко шоу!
РК Вардар – РК Еурофарм Пелистер (26.03.2022)
Почеток : 17:00
СЦ Јане Сандански
⬜ТЕТОВО – СКОПЈЕ⬛