Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Помладите пионери освоија три големи бодови, пионерите поразени на гостувањето кај Кул
Помладите пионери освоија три големи бодови, пионерите поразени на гостувањето кај Кул

Помладите пионери освоија три големи бодови, пионерите поразени на гостувањето кај Кул

Денес на Цементарница нашите пионерски екипи гостуваа кај Кул, на натпревари од 15.коло во младите лиги. На два одиграни натпревари остваривме по една победаи пораз.

Многу важна победа остварија помладите пионери, со која остануваат на лидерското место во помладата пионерска Супер Лига. Еден гол го реши победникот на натпреварот со Кул, истиот го постигнаа вардарци преку Нуман Ајетовиќ за конечен триумф со резултат 0:1 во 69 минута од натпреварот.

1 2

Во првото полувреме не видовме некоја сериозна шанса од двете страни и претежно се играше на средината на теренот. Марко Николовски се обиде да изненади директно од корнер, додека најголемата шанса за отварање на резултатот ја имаше Матеј Гаштаров кој после центар шут од корнер на Николовски, биеше со глава, но противничкиот голман спречи наша предност. Домашната екипа имаше два обиди во овој дел од натпреварот, кои неа беа голема закана за Краљевски на нашиот гол, па на полувреме се замина со почетните 0:0.

3 4

Вардар беше поконкретен во вториот дел од натпреварот, период во кој успеа сепак да постигне гол. Пред да биде отворен резултатот, во голема шанса се најде Андреј Величковски кој искористи едно невнимание на одбраната на Кул, биеше од некаде десеттина метри, но недоволно силно и прецизно да се совлада домашниот чувар на мрежата кој одбрани. Избраниците на Сашо Јанев во следната прилика успеаа да го отворат резултатот.

5 6 7

Нуман Ајетовиќ постигна одличен гол, со удар откосо од левата страна, топката одеше по земја, голманот на Кул немаше можност да интервенира, па топката заврши во мрежата, со удар од сигурно преку 18.метри. Можевме слободно да ја удвоиме предноста, откако во две прилики се најде Николовски, додека Ајетовиќ повторно можеше да се запише во листата на стрелци, но ударот од прекин заврши во стативата. На крајот славиме победа со резултат 0:1.

Ова беше вкупно 10. победа за помладите пионери, со овие бодови остануваме на првото место на табелата.

Вардар: Краљевски, Николов, Ајетовиќ, Порчу (К), Коловски, Величковски, Гаштаров, Николовски, Миовски, Крстевски и Јанкоски.

Играа уште и Лефковски, Цониќ и Грбовски.

Пионерите на Вардар не успеаа да освојат бодови на гостувањето кај Кул, откако домашниот тим беше подобар со резултат 2:0. Победикот беше решен во интервал од пет минути, откако му дозволивме на противникот да ја затресе нашата мрежа со погодоци во 6 и 11.минута од натпреварот. Првиот гол падна после наша грешка, откако му дозволивме на противничкиот играч сам небранет од никого да скокне во нашиот шеснаесетник и со удар со глава од 2-3 метри да ја забие топката во нашата мрежа, додека вториот гол падна со удар од преку 20.метри.

1 2

Избраниците на Божиноски имаа голема прилика да се вратат во натпреварот, откако Лука Јакимовски не успеа да реализира удар од белата точка, односно голманот Јосифов му го прочита и одбрани ударот, додека во првиот дел обиди имаа Бундалески и Кулуковски, но немаше погодок.

Во второто полувреме се обидувавме да се вратиме на натпреварот. Јакимовски се најде во шанса, откако биеше од некаде 18.метри за голманот на Кул да одбрани, додека најголемата шанса ја имавме преку Михаил Кузмановски кој после една одбиена голманска топка, биеше само во пречката од голот на домаќинот. Последниот обид во овој дел од мечот го имаше Јакимовски кој бие крај голот. На крајот победа за Кул со резултат 2:0.

3 4 276324952_3016131735364530_8090511684412230371_n 277104864_3016132512031119_4434294238444944167_n

Вардар: Апостолоски, Трајчевски, Фидановски, Бундалески, Митревски, Кулуковски (К), Јакимовски, Спасиќ, Кузмановски, Сековски и Уневски.

Играа уште и Нурединовски, Папазов, Ристовски, Туша и Цикарски.