Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Младинците на Вардар со минимална победа над КУЛ
Младинците на Вардар со минимална победа над КУЛ

Младинците на Вардар со минимална победа над КУЛ

Младинците на ФК Вардар беа домаќини на ФК Кул во дуел од 15.коло во Супер лигата. Вардар дојде до победа со резултат 2-1 (1-0), во дуел кој се одигна на теренот со вештачка трева при ,,Тренинг кампот Хиподром”.

Вардар стартуваше со овие 11-мина: Јовчев Гоце, Трпезановски Дарко, Серафимов Давор, Стојилевски Марко,  Каровски Сандро, Здравковски Огнен, Дошев Ѓорѓи, Величковски Никола,  Стојановски Стефан, Јусуфи Нијаз и  Ѓорѓиевски Филип.

Тргнавме офанзивно на оваа младинска средба, нашата желба за ран погодок се оствари веќе по одиграни само 2.минути. Јусуфи Нијаз ја имаше топката асистираше умешно до Дошев Ѓорѓи  кој ја спроведе топката во мрежата на тимот од скопската населба Кисела Вода. Со неговиот погодок поведовме со 1-0, што подоцна се испостави дека е конечен резултат за првите 45.минути на оваа средба. До крајот двата тима имаа свои моменти, гостинот атакуваше на израмнување, ние сакавме да ја удвоиме предноста пред паузата. Секак на одмор на овој младински суперлигашки дуел заминавме со минимална предност од еден погодок.
.
Во вториот дел видовме по еден гол во двете мрежи, па нашиот погодок од првиот дел беше клучен за нови три бода на младинскиот тим на Вардар. По 10.минути во овој дел успеавме да ја удвоиме предноста. Стојановски Стефан ја имаше топката и асистираше до Величковски Никола кој со силен удар во мрежата на Кул успеа да постигне гол за водство од 2-0 во  56.минута.  Противникот напаѓаше и се обидуваше да намали, тоа им успеа во 86.минута кога ја преполовија нашата предност и постигнаа погодок за 2-1. Успевме да се одбраниме во финишот и да победима на овој натпревар.
.
Во игра на оваа средба од клупата за резерви влегоа:  Гроздановски Христијан, Живков Славче, Илиевски Мартин, Ибраим Левент, Хасани Абдулах и  Трајковски Филип.