Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > Завировски со најдобар резултат во кариерата на 10км
Завировски со најдобар резултат во кариерата на 10км

Завировски со најдобар резултат во кариерата на 10км

Нашиот атлетичар,  Петре Завировски од ден на ден е се подобар. Дефинитивно ја трча една од своите најдобри сезони во кариерата.

На 8 мај на скопските булевари Илинденска и Партизанска се одржа традиционалната атлетска манифестација Скопје Трча 10км. На истата настапи и нашиот Завировски. Тој успеа да ги истрча своите најбрзи 10км во кариерата.

Поставувајки време од 35-26 минути. Негов досегашен најдобар резултат на 10км беше 35-30 минути поставено исто така на Скопје Трча во октомври 2017 година. Ова е прв личен рекорд на нашиот атлетичар по безмалку 5 години. Неговата форма е исклучително добра. Во досегашниот дел од сезоната имаше 7 настапи, на сите имаше висок перформанс.

Следен настап на вардарецот  ќе биде на трката на поезијата во Струга на 22 мај.