Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > АТЛЕТИКА! Завировски настапи за Македонија на Балканско првенство во крос кантри
АТЛЕТИКА! Завировски настапи за  Македонија на Балканско првенство во крос кантри

АТЛЕТИКА! Завировски настапи за Македонија на Балканско првенство во крос кантри

Вардаровиот атлетичар Петре Завировски по петти пат настапи во дресот на Република Македонија на големо натпреварување. Овој пат со исполнета норма тој  настапи на Балканското првенство во крос кантри во категоријата до 23 години на патека долга 8 километри. Балканското првенство се одржи на овој викенд  во Чуприја соседна Србија.

Тој настапи во категоријата за младинци, на една исклучително тешка напорна патека во Србија, Петре беше дел од атлетичарите до 23 години. Тој истрча одлично и го освои 26 место во конкуренција на натпреварувачи од 14 земји кои настапија на овој балкански собир. Петре за својот настап вели:

Задоволен сум од мојот настап на Балканското првенство во крос-кантри. Со резултат 29:15 минути во категорија до 23 години на патеката долга 8 километри со максимумот од своите можности во конкуренција на најдобрите од 14 балкански земји го освоив 26 место. Честитки до колегите од репрезентацијата кои исто така имаа одличен настап. Ви благодарам на сите за вашата поддршка.