Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Сандра Стамова: Оваа сезона имаме уште поголема желба и поттик за првото место
Сандра Стамова: Оваа сезона имаме уште поголема желба и поттик за првото место

Сандра Стамова: Оваа сезона имаме уште поголема желба и поттик за првото место

Младинките на ракометниот клуб Вардар стигнаа до првата победа во новата натпреварувачка сезона. Избраничките на Анжела Платон во спортскиот рекративен центар Кале за противник ја имаа екипата на Делчево. Нашите девојки беа многу подобра екипа на теренот и заслужено стигнаа до победата. Уште од самиот старт наметнаа силно темпо на игра, на кое противникот неможеше да одговори. Конечниот резултат гласеше 46:28. Сандра Стамова беше дел од оваа победа на Вардар, која постигна на крајот четири голови.

-Уште на почетокот на натпреварот почнавме со максимални сили за да направиме разлика, цело време го имавме водството. Задоволна сум од колективната игра, лесно се одбранувавме и имавме добра реализација во нападот. Резултатот е одраз на нашата добра игра,со конечен резултат од 46:28.Следна утакмица ни е со Кузман Вардар и очекуваме победа. Оваа сезона имаме уште поголема желба и поттик за прво место и се стремиме кон тоа, изјави Сандра Стамова за нашиот сајт.

Звонко Ивановски