Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > Атлетика! Завировски: На “SkopjeRun10″ дадов максимум резултатот знаев дека нема да ме одмине, среќен сум и за екипниот успех на АК Вардар
Атлетика! Завировски:  На “SkopjeRun10″ дадов максимум резултатот знаев дека нема да ме одмине, среќен сум и за екипниот успех на АК Вардар

Атлетика! Завировски: На “SkopjeRun10″ дадов максимум резултатот знаев дека нема да ме одмине, среќен сум и за екипниот успех на АК Вардар

Викендов  на патеката од 10км на  прво издание на “SkopjeRun10″ во организација на “Скопски Маратон” настапија неколку момци од АК Вардар. Од вардарците оваа трка дефинитивно од нив ја одбележа Петре Завировски со одличен перформанс на вчерашната трка, конечно тој е оној стариот, оној кој гази. На булеварот Илинденска експлодираше нашиот Вардарев Петре Завировски. Во пеколна конкуренција составена од најдобрите домашни атлетичари и огромна масовност со близу 1000 тркачи Петре Завировски ја истрча најдобрата трка во кариерата на 10км. Вардарецот е назад на големата сцена со фантастичен перформанс. Со резултат 35:30 го освои 5 место (4 помеѓу Македонците). Кризата дефинитивно е минато кај него, очекуваме во продолжение од сезоната напад на самиот врв. Голем успех беше остварен во екипна конкуренција, во која се бодуваа по 4 претставници од секој клуб. Екипата на АК “Вардар” го освои 3 место и бронзен медал.  Во продолжене разговараме токму со Завировски за неговиот и екипниот успех на трката.

На “SkopjeRun10″ се вратив онаму каде што припаѓам меѓу најдобрите. Презадоволен сум од мојот перформанс на таа трка како и од резултатот и секако пласманот! Трката беше фантастична. Одлична организација многу силна конкуренција. Бев многу смирен за таа трка. Одлично се подготвив пред се психички. Го дадов својот максимум и резултатот мораше да дојде. По долго време Вардар повторно екипно е на победничкиот подиум. Тоа е клуб кој што го сакам уште од дете. Многу сум среќен што сум во црвено црните бои. Се радувам на успехот на Атлетскиот клуб Вардар.

a

Тој повремено учествува на Најк лигата во трчање која секогаш ја добива, истата се трча во должина од 5километри по кејот на Вардар од “Кај Жабарот“ до хотелот Александар Палас и назад, за истата вели:

Најк лигата ја користам најчесто како проверка на мојата форма пред големите натпревари. Досега таму имам четри настапи и четри победи. Многу позитивни тркачи гледам на таа трка. Би ги издвоил Бурхан Адемовски и Мики Поповски како надежни пред се Адемовски кој е млад полн со желба за успех. Во овој втор дел од сезоната веќе ја имам посакуваната форма.

a13

Очигледно е дека формата по пехот на Скопски Маратон кога неуспеа да ја истрча во целост 21километарската делница на полумаратонската трка нагло му се подобрува. За крај го запрашуваме за очекувањата во преостанатот дел од оваа натпреварувачка сезона 2017.

До крајот на сезоната ке ги напаѓам моите најдобри резултати на 5км и полумаратон. Како настап од повисок ранг ми е Подгорички полумаратон. Ќе настапам и на други трки од Најк лигата, ноќната трка низ скопските улици и веројатно државното првенство во крос кантри.

Михајло Тушевски