Saturday ,12 October 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > Завировски: Во успехот треба да се остане скромен, во неуспехот треба да ја сочуваме вербата
Завировски: Во успехот треба да се остане скромен, во неуспехот треба да ја сочуваме вербата

Завировски: Во успехот треба да се остане скромен, во неуспехот треба да ја сочуваме вербата

Минатата 2018 година по многу тоа е за заборавање за атлетичарот на АК Вардар, Петре Завировски. Одлично се спремаше, имавме големи очекувања по одличната и трофејна 2017 година, но повредите се испречија како “кинески ѕид“ пред црвено-црниот момче. Сепак пред нас е нова година, и нови надежи и трки. Како се подготвува за истите и што очекува проитајте во следното интервју со вардарецот.

1. Kaко мина 2018 година за тебе, која по се изгледа е една од најнеактивните твои во кариерата поради проблемите кои ги имаше?

Минатата сезона настапив на само два натпревари. Односно на “Трчаме кон целта” каде што имав солиден настап. Потоа на Скопски маратон не успеав да финиширам. По што следуваше долг период на рехабилитација. Практично сезоната за мене заврши уште на 2ри мај, кога всушност и требаше да почне, но што е тука е, сето тоа е дел од спортот.

51020999_2315916458482701_2482793741958512640_n

2. Тешката повреда те одалечи од патеката, како го мина процесот на опоравување и дали сега се е во ред?

*Седум месеци бев надвор од тренинг, но сега сум назад во игра. Во успехот треба да останеме скромни, а во неуспехот да ја сочуваме вербата. Во ниту еден момент не помислив да се откажам. Сеуште го немам кажано последниот збор. Ќе бидам подобар од порано. Имам самодоверба како никогаш претходно во изминатите 10 години откако се дружам со “кралицата на спортовите“.

3. Отпочнати ли се твоите подготовки за новата 2019 година и како течат истите, кога за тебе ќе почне сезоната?

*Подготовките се во тек, од истите сум многу задоволен. Мојот фитнес левел постепено напредува. нема што посебно да потенцирам освен да ветам “ќе успееме“.  Сезоната за мене ќе почне најверојатно во месец март. До тогаш имам сеуште многу работа.

petre2

4. Кои се твои планови кои би ги истакнал за оваа година како цел  ја таргетираш, дали  полумаратонот на “Скопски“ е повторно в план?

*Акцентот ќе биде на вториот дел од сезоната каде што ќе бркам посериозни резултати. Првиот дел од сезоната ќе биде припрема за она што следи во вториот период од годината. Се уште не сум одлучил на која од трките ќе трчам на Скопскиот маратон, сеуште е рано. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите.