Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Тренерот на Војводина, Ројевиќ: Не очекува натпревар против најсилниот тим во СЕХА-лигата
Тренерот на Војводина, Ројевиќ: Не очекува натпревар против најсилниот тим во СЕХА-лигата

Тренерот на Војводина, Ројевиќ: Не очекува натпревар против најсилниот тим во СЕХА-лигата

Војводина ќе биде тестот за вардарци во пресрет на тешкото гостување во Манхајм, против екипата на Рајн-Некар. Нема многу време за воигрување, но овој меч добро ќе ни послужи за дуелот што не очекува во Лигата на Шампионите. Од друга страна, екипата на Војводина е сконцентрирана на овој дуел, од противничкиот табор најавуваат дека ќе се обидат да го искористат моментот и да се изборат за позитивен резултат од денешниот меч, кој својот старт го има од 17:15 часот. Какви се очекувањата на тренерот на Војводина, Борис Ројевиќ кој го изјави следново:

-Не очекува натпревар против најсилниот тим во СЕХА лигата. Верувам дека ќе се обидат да го искористат овој натпревар за да се подготват на најдобар можен начин за она што ги очекува во Лигата на шампионите. Ова ќе биде корисен натпревар и за нас, бидејќи ќе видиме до каде сме во моментов, во каква форма се наоѓаме со оглед дека ќе играме против екипа со висок квалитет како Вардар. Овчина и Ратковиќ се повредени и нема да можат да настапат, како и нашиот најдобар стрелец Грозданиќ кој пак е болен.

-Мирковиќ очекува поддршка од своите навивачи кои ќе уживаат во еден добар натпревар.

Ја искористивме паузата за да поправиме поедини сегменти од нашата игра и да продолжиме со успешни игри оваа сезона. Имаме многу млади играчи кои се желни за докажување. Веќе покажавме дека ни е исто, дали играме против екипа од наш ранг или против тим кој е далеку поквалитетен. Очекувам добар натпревар и ги повикувам навивачите да дојдат и да не подржат, истакна десниот бек Милан Мирковиќ.