Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК Вардар во недела го пречекуваат “фенерџијата“ Клубски Патриот
ЖКК Вардар во недела го пречекуваат  “фенерџијата“  Клубски Патриот

ЖКК Вардар во недела го пречекуваат “фенерџијата“ Клубски Патриот

Викендов на програмата во женската Прва кошаркарска лига е 12.коло, односно втората пролетна рунда. Во истата црвено-црните дами ќе ги пречекаат гостинките во Делчево кај екипата која  е “фенерџија“ во единствената женска кошаркарска сениорска конкуренција.

ЖКК Вардар во салата “Кале“ е домаќин  на последнопласираниот тим на ЖКК Клубски Патриот, во недела, 3-ти фебруари. Дуелот е закажан со почеток во 12-00 часот. Вардар е апсолутен фаворит на оваа средба со ривалот кој има само една победа во оваа сезона. На првата средба  избраничките на Жаклина Стојановска  триумфираа со високи  19-81.