Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Парондо и Дибиров: Ќе биде тешко после паузата да се врати формата, но ние сме Вардар и одиме на победа
Парондо и Дибиров: Ќе биде тешко после паузата да се врати формата, но ние сме Вардар и одиме на победа

Парондо и Дибиров: Ќе биде тешко после паузата да се врати формата, но ние сме Вардар и одиме на победа

Утре Вардарци ќе го одиграат првиот официјален натпревар во 2019 година. Црвено-црните веќе заминаа за Нови Сад каде утре ги очекува дуел од СЕХА-лигата против екипата на Војводина. Тимот е некомплетен со оглед дека ќе неостасуваат неколку важни играчи, а поштеда доби и Игор Карачиќ кој најдоцна се приклучи на тимот после завршување на Светското првенство. Тренерот на Вардар, Гарсија Парондо истакна дека ќе биде тешко, со оглед дека екипата немаше време за многу заеднички тренинзи. Во врска со утрешниот дуел, Парондо го изјави следново:

-Ова е нашиот прв натпревар по паузата од Светското првенство. Сигурно е дека ќе биде тешко, бидејќи ние не трениравме заедно долго време. Мојот план е повеќе да ги користам оние кои не играаа на СП, но исто така сакам сите да добијат шанса да играат. Во моментов не сме сигурни, ќе видиме после последните тренинзи како ќе изгледа тимот. Секогаш кога ќе играме, треба да играме добро и што е можно поскоро, треба да се подготвиме за СЕХА-лигата и за Лигата на шампионите.

И Дибиров истакна дека е тешко да се врати формата после подолгата пауза, но дека верува во победа на својот тим.

-По СП сите тимови имаат проблеми со враќањето во форма. За нас е многу важно да победиме на овој натпревар, а квалитетот на игра е на второ место. Многу од играчите кои играат за своите национални тимови се уморни, некои се повредени, и од таа гледна точка, Војводина ја има предноста да има време да се подготви. Но, без оглед на сè, ние сме Вардар и одиме до победа во секој натпревар, истакна левото крило.

Мечот во Нови Сад започнува од 17:15 часот, со директен пренос на МРТ-1.