Екипата на РК Вардар замина за Нови Сад каде утре ќе го одигра својот натпревар од СЕХА-лигата против екипата на Војводина, што е прв меч за оваа година. На овој дуел ќе настапиме со преполовен состав, со оглед дека во тимот ќе ги нема Гедбан, Борозан, Фереира, Горбок и Карачиќ, но и покрај тоа сме квалитетни да издвојуваме победа, со која треба да го потврдиме пласманот на завршниот турнир во СЕХА.
Мечот утре се игра од 17 и 15 часот, со директен пренос на МРТ-1 и Арена Спорт 1.