Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! Вардар го заврши настапот на “Светскиот куп“, на вториот ден Дарко Димитровски брилијантен
КУГЛАЊЕ! Вардар го заврши настапот на “Светскиот куп“, на вториот ден Дарко Димитровски брилијантен

КУГЛАЊЕ! Вардар го заврши настапот на “Светскиот куп“, на вториот ден Дарко Димитровски брилијантен

Заврши настапот на кугаларскиот клуб Вардар во Болцано-Италија каде се одигра   најквалитетното кугларско натпреварување  “Светскиот куп“, тоа беше собирот на најдобрите 14 екипи на планетава. Вчера тројца наши куглари  одиграа на вториот натпреварувачки ден за нас. Настапи имаа искусниот Миле Димковски, Коста Ристевски и иако не се очекуваше да настапи на патеката се појави Дарко Димитровски кој го одбележа вчерашниот натпреварувачки ден.

Прв настапи највозрасниот Миле Димковски кој прв се појави од црвено-црните на патеките во Италија. Тој впиша зад своето име скор од 544 “соборени дрва“. Втор се натпреваруваше Ристевски Коста тој имаше задоволителен настап, собори 571 “чуњеви“ при неговите фрлања, браво за него ова е сосема одлично постигнување. На патеката се појави тој што најмалку се очекуваше дека ќе настапи Дарко Димитровски, кој играше последен. настапот на Дарко вчера може да го опише еден збор БРИЛИЈАНТЕН, тој во МКЛ ретко се доближува до границата 600, а вчера беше токму до неа. Фрли фантастични 593 “соборени дрва“ и изби веднаш  зад постариот и поискусниот брат Димитар на клубската листа на ова натпреварување . Доколку го ваква форма тој прикаже во МКЛ- македонската кугларска лига заедно со дуото Влаќевски-Димитровски и Донковски ќе биде “мотор“ на нашиот тим и “пекол“ на сите македонски кугларски колективи. Вака изгледа листата спрема постигнатите резултати на овој “Светски куп“:

Дарко Димитровски момчето кое го одбележа вчерашниот ден!

Дарко Димитровски момчето кое го одбележа вчерашниот ден!

  1. Димитар Димитровски 612
  2. Дарко Димитровски 593
  3. Бојан Влаќевски 591
  4. Коста Ристевски 571
  5. Младен Донковски 562
  6. Миле Димковски 544

Вкупно се соборени на овој “Светски куп “ црвено-црните соборија 3473 “дрва“.  Тоа беше доволно за 11 место, за жал САМО 39 “дрва“ ни фалеја за 8-та позиција која ќе не водеше во Лигата на шампионите. Тие овој настап го оценуваат како успешен, и велат дека настапот е според очекувањата.