Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Спировски настапи за “А“, Личина за У-19 Македонската селекција
Спировски настапи за “А“,  Личина за У-19 Македонската селекција

Спировски настапи за “А“, Личина за У-19 Македонската селекција

Вчера македонскиот репрезентативец и член на црвено-црните  Стефан Спировски, настапи во  второто полувреме за А-селецијата  на натпреварот со Израел . Тој влезе во 46 минута поточно на стартот од вториот дел. Тој  успеаа да  биде асистент на единствениот гол на средбата во 62. минута кога нашата селекција   намали 1-2 резултат со кој заврши дуелот. Другиот вардарец во првиот тим кој беше прекомандуван од селекцијата У-21, Дарко Велковски беше резерва и не доби минутажа на овој квалификациски дуел за С.П во Русија- 2018 година.

8020-sileks-vardar-02-vo-zhivo-660x330

Капитенот на маладинската екипа на фудбалскиот клуб  Вардар штоперот Есмин Личина одигра цел натпревар за македонската репрезентација за фудбалери до 19 години. Тој настапи  на  квалификациски меч против врсниците од Полска. Црвено-жолтите беа поразени во тој  мечот со 0:4 (0:0). Следен меч за кој ќе конкурира   Личина е дуелот во второто  коло кога нашите момци ќе се сретнат со  Северна Ирска.