Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Влатко Котески: “Јуниор лигата“ доприносе децата повеќе да се интересираат за ракометот и да го засакаат како спорт
Влатко Котески: “Јуниор лигата“ доприносе децата повеќе да се интересираат за ракометот и да го засакаат како спорт

Влатко Котески: “Јуниор лигата“ доприносе децата повеќе да се интересираат за ракометот и да го засакаат како спорт

Сите со нетрпение ја очекуваме втората сезона на ракометната “Јуниор“ лига. Повеќе од 22 регионални ракометни школи ќе бидат дел од овој голем проект на ракометниот клуб Вардар во новата натпреварувачка сезона. Сите кои имаат желба да се занимаваат и играат ракомет тоа можат да го сторат преку усписи во една од регионачните школи кои се дел од лигата, а со самото тоа им се пружува шанса континуирано да играат натпревари. Голем број на деца кои беа дел од натпреварувањето беа препознаени како квалитетни и регрутирани во младинските екипи на ракометниот клуб Вардар. Јуниор лигата даде поинакво значење на ракометот во Македонија. Целта е секоја година да се зголемува бројот на учесници и да се обединат сите ракометни школи од земјава. Привилегија да биде дел од овој проект е и Општина Кисела Вода – Ракометна Академија Вардар / Скопје (Кисела Вода). Како тренери тука работат Влатко Котевски, Никола Грчевски и Никола Велковски. Во следниов текст ќе ве запознаеме токму со оваа ракометна школа и Влатко Котевски.

-“Вардар Јуниор“ лигата овозможи децата за прв пат да играат таканаречени официјални натпревари, како во машка така и во женска конкуренција. Мечевите што се организираа во спортско рекреативниот центар Кале и Јане Сандански имаа влијание кај повеќето деца да се заинтересираа и да го засакаат уште повеќе ракометот како спорт. Секогаш треба тренинзи, но најважната работа е да има поголем број на натпревари. Во женска категорија имаме 124 деца во Кисела Вода, генерации родени „2000“/01,02,03,04 и 05 година. Во најмладите генерации родени од 2006/09 во ОУ Невена Г. Дуња имаме околу 50-60 дечиња. Во машка конкуренција во школата Кисела Вода-Вардар членуваат 146 деца во различни категории во зависност од возраста.

Калитетната работа во “Јуниор лигата“ започнува да ги дава очекуваните резултати.

-Можам да кажам дека многу деца се префрлени преку тие селектирања од ракометниот клуб Вардар, во пионерските и кадетските екипи на Вардар. Вкупно 19 играчи во текот на минатата година од школата Кисела Вода- Вардар заминаа во повисок ранг, односно напредуваа.

vardarfans-druzba

Не стивнува задоволството и позитивните реакции од организацијата на “Јуниор“ лигата. Се функционира на едно највисоко ниво, а тоа го препознаваат и самите деца како и нивните родители.

-Децата и самите родители се презадоволни од оваа лига, затоа што покрај спортувањето влегуваат во социјализација и меѓусебна дружба од различни градови и населени места. Треба да се продолжи со уште поголема промоција на “Јуниор лигата“ низ сите учичишта во Скопје и цела Македонија, изјави Влатко Котески за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски

Сите кои сакаат да бидат дел од оваа ракометна школa можат да го сторат тоа преку овие контакти:

Општина Кисела Вода – Ракометна Академија Вардар / Скопје (Кисела Вода)
ОУ Невена Г. Дуња – Никола Велковски 070-631-854
ОУ Круме Кепески – Влатко Котески 072-205-959
Кристијан Грчевски 070-550-081 / (Драчево)
ОУ К. Шапкарев и ОУ К. Охридски– Стефче Василевски 070-355-523 /Велимир Настески 077 601 340
email: akademija@rkvardar.com