Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите и младинците во недела го играат заостанатото коло против екипата на Гостивар
Кадетите и младинците во недела го играат заостанатото коло против екипата на Гостивар

Кадетите и младинците во недела го играат заостанатото коло против екипата на Гостивар

Во недела ќе се одигра заостанатото коло во првенството на младинските фудбалски категории, за кадетите и младинците на фудбалскиот клуб Вардар. Како што е познато тоа шестто коло беше одложено поради настапот на нашиот младински состав во лигата на шампионите против екипата на Салцбург.

Кадетите после пет последователни победи во лигата, сврзаа два порази во низа и имаат мал пад во формата. Минатата недела го дожиеа првиот пораз во лигата од екипата на Работнички, додека во средата беа поразени на првиот натпревар од соминафиналето на купот, против екипата на Шкупи. Избраниците на Влатко Колев ќе се обидат да се вратат на победничките патеки в недела со почеток од 10 часот на теренот на Гостивар.

Гостување во овој град против истоимената екипа ќе имаат и младинците на Вардар, кои се наоѓаат во серија од шест победи во лигата и две во купот на Македонија. Се очекува да ја оправдаме фаворитската улога на теренот и да освоиме нови три бода, со кои би се зацврстиле на првото место на табелата. Дуелот в недела ќе се одигра од 12 часот.