Викендов кој следува продолжуваат првенствените натпревари за младинските екипи на ракометниот клуб Вардар. Активни со настапи ќе бидат пионерите на Андријана Будимир и двете кадетски екипи на ЖРК Вардар.
Вардаровите пионери после стартната победа против екипата на Кромак (37:6) во сабота ќе го одиграат и торото коло. Тие гостуваат на екипата на Шкупи од Чаир. Овој натпревар ќе се одигра во салата „Зефљуш Марку“, со почеток од 11 часот.
Кадетките на Вардар СЦЈС под водство на Платон и Кузмановска ќе се обидат да ја продолжат победничката серија. После двете победи, нашите млади девојки во недела ќе ја пречекаат екипата на Преспа од Ресен. Мечот е закажан да се одигра во недела во малата сала на спортскиот центар Јане Сандански од 14:30 часот.
Свој натпревар ќе имаат и втората кадетска екипа на Вардар, предводена од Драгана Ристова и Билјана Пецевска. Тие ќе гостуваат во сабота од 14 часот во Делчево на истоимената екипа. После две одиграни кола, црвено-црните имаат пловичен ефект од една победа и пораз.