Завршницата во пионерската лига ќе се игра овој викенд, во Крива Паланка…
Женскиот кошаркарски клуб „Крива Паланка“ ја доби организацијата на финалниот турнир од М14 лигата-жени.
Понудија најдобри услови за организирање на турнирот кој следува на 3. и на 4. јуни, а ќе се игра во спортската сала „Бранители 2001“ во Крива Паланка.
Првото полуфинале, кое ќе се игра на 3.јуни (сабота), во кое ќе играат екипите на Тим Арена од Штип и домаќинот на завршниот турнир, Крива Паланка е закажано за 17.часот. А од 19.30. часот, за место во финалето ќе разигруваат скопските ривали, Вардар и Бадел 1862.
Победникот, кој за прв пат, ќе добие и парична награда во висина од 30.000 денари ќе биде познат по одигрувањето на финалето кое на програмата е на 4.јуни (недела) од 19.30 часот.
Поразената екипа во финалниот натпревар ќе биде парично наградена со 20.000 денари.
Натпреварот за третото место е предвиден за недела, од 17. часот. Победникот на оваа средба, освен бронзените одличја ќе добие и парична награда во висина од 10.000 денари, исто толку следуваат и за поразениот тим денари од вкупниот награден фонд од 70.000 денари, кој го предвиде федерацијата за овој финален турнир.
М14 ЛИГА-ЖЕНИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
ПОЛУФИНАЛЕ
3.ЈУНИ (САБОТА)
17.00: Крива Паланка – Тим Арена
ЛИНК:
3.ЈУНИ (НЕДЕЛА)
17.00: За трето место (поразен 1) – (поразен 2)
19.30: Финале (победник 1) – (победник 2)
*Сите натпревари се играат во салата „Бранители 2001“ во Крива Паланка