Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Селекторот Даниловски го објави списокот на женската У16 репрезентација, три вардарки со покани
Селекторот Даниловски го објави списокот на женската У16 репрезентација, три вардарки со покани

Селекторот Даниловски го објави списокот на женската У16 репрезентација, три вардарки со покани

Селекторотот на женската селекција „Под 16“ години, Горан Даниловски го објави поширокиот списокот на кошаркарки на кои ќе смета за време на периодот на подготовките и настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“ кое ова лето од 18. до 27.август, ќе се одржи во главниот град на Црна Гора, Подгорица.

На првиот собир кој е предвиден да биде реализиран на 13. јули (од 19.часот), во салата „Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица, селекторот Даниловски повика 15. кошаркарки.

Инаку, покрај Даниловски, во стручниот тим на оваа наша селекција ќе бидат вклучени и Атанас Димов, односно Симона Деловска како асистент-тренери кои ќе бидат на располагање во реализацијата на планираните активности во кои е предвидено и одигрување на неколку контролни натпревари

ПОШИРОК СПИСОК НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА У16 – ЖЕНИ

Мила Ќолчевска (Спорт тим – Неготино)

Белма Дечковиќ (МЗТ Скопје Аеродром)

Теодора Атанасовска (Патриот 2016)

Ана Ангеловска (Патриот 2016)

Ива Дојчиновa (Тим Арена-Штип)

Ана Иветиќ (Тим Арена-Штип)

Ања Начевска (Вардар)

Бојана Николиќ (Вардар)

Мартина Џангаровска (Вардар)

Теодора Синиковска (Струга 2009)

Сара Велковска (Струга 2009)

Мила Ѓуковиќ (Бадел 1862)

Зара Стојановска (Бадел 1862)

Стела Стојановска (Баскет Кам 2011)

Милица Николиќ (Војводина-Србија)