Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > ДЕФИНИТИВНО: РК Вардар нема да биде дел од ЛШ во следната сезона
ДЕФИНИТИВНО: РК Вардар нема да биде дел од ЛШ во следната сезона

ДЕФИНИТИВНО: РК Вардар нема да биде дел од ЛШ во следната сезона

Извршниот комитет на Европската ракометна федерација, денес потврди дека Вардар дефинитивно во новата натпреварувачка сезона нема да биде дел од Лигата на Шампионите.

Поради ненавремено расчистување на долгови, на Вардар му е забрането да игра во најголемото ракометно натпреварување во новата сезона. Според соопштението на ЕХФ, Вардар не ги запазил потребните датуми за исплата на долговите, кои ги има спрема некои поранешни играчи, па затоа одлуката е конечна околу учеството на Вардар во ЛШ.

Претстои тежок период за Вардар, со оглед дека е најавено дека клубот може да игра само со домашни ракометари во новата натпреварувачка сезона, со оглед дека имаме забрана за настап во ЛШ, сигурно дека во Скопје нема да ги видиме Дуарте и Цехте.