Генерацијата 2007 на ФК Вардар во петок ќе настапи на меѓународен младински турнир, кој е во организација на ФК Раднички од Ниш. На турнирот покрај Вардар, учество ќе земат и домашната екипа на Раднички Ниш, потоа Нови Пазар и Славија Софија.
Натпреварите ќе се одиграат во петок (24.06). Во првото полуфинале кое започнува од 09:00 часот ќе се сретнат екипите на Раднички Ниш и Нови Пазар, додека од 11:00 својот натпревар ќе го одиграат екипите на Вардар и Славија Софија.
Победниците од овие натпревари ќе играат во големото финале, кое започнува од 19:00 часот, додека натпреварот за 3.место ќе се игра од 17:00 часот. Сите натпревари ќе бидат одиграни на стадионот, „Чаир“.