Женскиот фудбалски клуб Вардар започна со тренинзи и подготовки за новата натпреварувачка сезона, во која ќе се натпреваруваме во втората фудбалска лига.
ЖФК Вардар врши уписи на девојчиња, нови играчи кои би пристигнале во овој новоформиран женски фудбалски тим. Клубот нуди одлични услови за работа и тренинг, а секако името „Вардар’ е магнет за сите кои сакаат да бидат дел од најголемиот спортски бренд во нашата земја.