Во македонската кугларска лига окончан е есенскиот дел, на сила е зимската пауза во која се играат државните поединечни првенства. По крајот на есенста етапа од сезоната 2019/2020 година на страницата на федерацијата поставени се просеци на играчите.
Највисоко рангиран од Вардар е Згонц Марјан, тој е на позицијата број четири. Искусниот вардарец дефинитивно е најдобар наш поединец оваа есен. Тој во просек има 546,30 „соборени дрва“ по одигран натпревар. Во топ-10 листата има место за уште еден вардарец, станува збор за младиот Георг Поп-Крстев. Тој впиша 532 „соборениѐ дрва оваа есен.