Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Толедо ќе биде подготвен, ама за пролетниот дел од Л.Ш
Толедо ќе биде подготвен, ама за пролетниот дел од Л.Ш

Толедо ќе биде подготвен, ама за пролетниот дел од Л.Ш

Најзвучното засилување на Европскиот првак Вардар, бразилецот Жозе Гилјерме де Толедо, сепак нема да го гледаме до крајот на оваа календарска година во Лигата на шампионите.

Иако по повредата и операција на десното колено на менискусот првичните најави беа дека ќе отсуствува три месеци од терените, сепак, тоа ќе биде нешто повеќе и со самото тоа бразилецот нема да може да му помогне на својот тим во моментите кога е најпотребен шутер по низата на повреди, пред се на Горбок и Дисингер.

Значи, Толедо го очекуваме во полна натпреварувачка форма напролет, кога и ќе се бие најголемата битка во нокаут фазата. Не се исклучува можноста Толедо да настапи до крајот на оваа календарска година, но во СЕХА – лигата.