ФК Вардар генерацијата 2009 предводена од Игор Кралевски се наоѓа во Бугарија, каде денес и утре настапува на второто издание на меѓународниот младински турнир во Панаѓуриште, именуван по проф. Д-р Лачезар Цоторков. На денешните два дуели дојдовме до две повеќе од убедливи победи со своите ривали.
На првиот меч издоминиравме максимално одигран на „Арена Асарел“ се сретнавме со тимот на ФК Филипов Казанак. Вардарци рани почнаа да ја полнат мрежата на ривалот и ги деморализираа противниците уште на стартот. Победата дојде со убедливи 10-1.
Во нашиот табор имавме пет стрелци на оваа средба: Андреј Кралевски(3), Дарин Михајловски(3), Даниел Колевски(1), Павел Котески-Митровски(1), Васко Папаливски(1) и Ѓорѓи Влахо(1).
На овој турнир играме 6+1. Во вториот меч се сретнавме со тимот на Оборише од Панаѓуриште и на оваа средба издоминиравме. Победата и тука дојде со десет гола, ние триумфиравме со резултат 10-0. Пред нас се силни мечеви, најпрвин со Витоса во битката за 1/2-финале потоа најверојатно за Круната не чека битка со Левски.