Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК и КК Вардар викендов се домаќини во првенството
ЖКК и КК Вардар викендов се домаќини во првенството

ЖКК и КК Вардар викендов се домаќини во првенството

Овој викенд машкиот и женскиот сениорски кошаркарски клуб Вардар ќе бидат домаќини во четвртиот дуел за нив оваа есен. Девојките ќе атакуваат на четвртата победа по ред, а момците ќе се обидат да дојдат до првата радост за нив во најквалитетната кошаркарска конкуренција во земјава.

КК Вардар досега забележа три порази, па во 5.коло (во изминатите 4 еднаш бевме слободни) ги очекува тежок предизвик против квалитетен тим да се обидат да дојдат до победа. Ние во “Кале“ ќе ја пречекаме екипата на Блокотехна екипа која по 4.кола го дели врвот со шампионот КК Работнички со максимални 8 освоени бода досега. Натпреварот е закажан за недела, 4.ноември со почеток во 17-00 часот.

zkk-2

Избраничките на Жаклина Стојановски, девојките на ЖКК Вардар по три кола со максимални шест бода се лидери во лигата. Тие имаат 193.поени кош-позитива што е убедливо најдобар скор од сите тимови во земјава. Во ова  4.коло ние сме домаќини на тимот на Струга 2009 кој од две одиграни кола има исто толку победи досега во лигата.