Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Стојановска го собра цел ростер, сите кошаркарки во погон
Стојановска го собра цел ростер, сите кошаркарки во погон

Стојановска го собра цел ростер, сите кошаркарки во погон

Пред дваесетина дена, започнаа тренинзите во ЖКК Вардар кои беа прекинати поради пандемијата со Ковид-19 во март месец. Од вчера официјално беа старувани летните подготовки за новата сезона, 2020/2021.

Жаклина Стојановска го има целиот ростер на располагање, повозрасните првотимки се во строј, полека ќе ги склопува коцките за новата сезона. Протоколите за работа во пандемијата, големата пауза се тоа треба да се надмине заедно со внесување на неколку млади девојки во сениорската екипа. Сепак, популарната „Жаки“ кој ја водеше екипата до двојната круна има капацитет сето тоа да го реализира.