Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кам-бек на Хмирова во вардаровиот дрес
Кам-бек на Хмирова во вардаровиот дрес

Кам-бек на Хмирова во вардаровиот дрес

Во европската одисеја на ЖРК Вардар, дел од ѕвездениот состав кој играше значајна улога во ЛШ завршниците беше и руската интернационалка, Татјана Хмирова. Таа одлучи, повторно да го облече дресот на ЖРК Вардар, бар на еден натпревар.

Хмирова е во Скопје, во очекување на нејзиното заминување за Тенерифе каде ќе ја продолжи својата богата кариера. Таа побара од својот поранешен тим каде мина повеќе од пола деценија да се приклучи на подготовките заради одржување на формата. Сосема очекувано, раководството го прифати тоа со големо задоволство, овозможувајќи повторно привремено да биде дел од црвено-црниот тим каде остави голем впечаток. Обостран е бенефитот, со ова раководството на тимот на својот млад ростер му пружи бесценето искуство. Младите вардарки работат со својот идол, учат од една ваква реномирана ракометна ѕвезда, „впиваат“ непроценливо знаење од руската репрезентативка.

Сепак тоа не е се, на утрешниот тренинг-дуел со РК Спартак, Хмирова ќе одигра десетина минути во дресот на Вардар. Повторно ќе ја носи црвено-црната боја за која ја врзуваат многу емоции, а пак девојките ќе имаат привилегија да се во тим со ракометарка која играла на завршницата од ЛШ и на големите настани, ЕП и СП.

c738bdd96f08a695bdc416e91d3de946

За репрезентацијата на Русија, Татјана Хмирова има настапувано во сите младински категории. Во 2008 година со Русија стана светски младински шампион и беше прогласена за најкорисен игра на ова СП. Истата година Хмирова дебитираше за сениорската репрезентација на Русија на ЕП на кое Македонија беше домаќин и освои бронзен медал. Во 2009  го освои златото на СП во Кина, а настапи и на СП 2011 во Бразил на кое Русија беше седма и на ЕП 2012 во Србија на кое руската репрезентација го освои 6.место.

*ЖРК Вардар веќе во сабота ќе има нов тест-меч, со тимот кој лани беше лидер на табелата, ЖРК Куманово.